OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ХЕМИСКИ ИНЖЕНЕРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО РУДНИКОТ „БУЧИМ“

Рудникот за бакар „Бучим“-Радовиш објавува оглас за вработување на 4 хемиски инженери и 4 хемиски техничари.

 

                ОГЛАС ЗА ХЕМИСКИ ИНЖЕНЕРИ

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Развивање на процедури за тестирање;
  • Планирање и извршување на тестирањата;
  • Контрола на резултатите од тестирањата;
  • Планирање на ресурсите потребни за непречено функционирање на активностите во лабораторијата пред и за време на извршување на активностите на тестирање
  • Работи на сложена инструментална техника – AAC (атомска апсорпциона спектометрија)
  • Врши пресметка на резултати на Еxcel
  • Изготвува извештај за тестирање

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Хемиски инженер;
  • Претходно работно искуство од 2 години како хемиски инженер;
  • Познавање на MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, со назнака за оглас за “Хемиски Инженер”.

Краен рок за аплицирање е до 27.11.2023 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 

ОГЛАС ЗА ХЕМИСКИ ТЕХНИЧАРИ

 

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием на примероци за тестирање;
  • Складирање на примероци;
  • Припрема на композитни и останати проби;
  • Постојано проверување на исправноста на опремата која се користи при тестирање
  • Контрола на активностите за тестирање и запис на резултати
  • Работи на дигитална и аналитичка вага
  • Работи со електролизери

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС – хемиски техничар(Средно хемиско образование – Велес/Скопје);
  • Претходно работно искуство од 5 години како хемиски техничар;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, со назнака за оглас за “Хемиски техничар”.

Краен рок за аплицирање е до 28.11.2023 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе