УСПЕХ: Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најдигитализиран

Штип, 22.11.2023

Студентите и универзитетските професори од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска дебатираа на тема дигитализација на образованието. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски вели дека македонските Универзитети треба многу да работат на полето на дигитализацијата, со цел студентите да добијат што е можно повеќе дигитални услуги кои овозможуваат побрза и поефикасна услуга.

-Истовремено им овозможуваат на студентите без никакви надворешни влијанија сами да ги контролираат сите административни процеси. Од друга страна се трудиме како Универзитет да вклучиме што е можно повеќе дигитални алатки во трансферот на знаење. Тоа е тема, за која верувам дека допрва заедно ќе ја разговараме. Младите генерации многу полесно и подобро од нас го прифаќаат тој процес на дигитализација, изјави Мираковски.

Ректорот уште посочи дека соработката со студентите и младите е од особено значење, за да ги разберат нивните потреби, со цел да се прилагодат системите на Универзитетите за полесно да им се обезбеди трансфер на знаење, но и без поголеми финансиски трошоци.

Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени истакна дека од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев, како најдигитализиран универзитет во Македонија, започнува јавната дебата за дигитализација на образованието.

Директорот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи истакна дека од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ почнува јавната дебата за дигитализација на образованието. Посочи дека дигитализацијата е важна за студентите, но и ова е еден од начините да се зголеми квалитетот на високото образование.

-Преку дигитализација ние можеме да имаме поквалитетно високо образование. Како невладини организации и платформа сакаме да истакнеме дека студентите имаат сто проблеми, но за да чекаме на шалтери не треба да биде дел од тие наши проблеми. Причината, зошто ние ќе организираме заеднички активности со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е токму фактот што од нашите истражувања овој Универзитет се покажа како најдигитализираниот во нашата држава, посочи Ходаи.

Ходаи порача дека ваквиот пример со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип покажува дека дигитализацијата не е утопија и може тоа да се направи со цел да имаме поквалитетно високо образование.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе