ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Рудникот за бакар БУЧИМ-Радовиш објавува оглас за вработување за:

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Собирање и обработка на документи (испратници ,приемници,фактури,царински декларации);
  • Контирање на магацини и слагање на матерјална со финансова евиденција;
  • Припрема за попис на залихи во магацин и усогласување на резултатите од пописот;

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години на слична работна позиција;
  • Познавање на MS Office;
  • Уверение за овластен сметководител;
  • Способност за тимско работење;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, со назнака за оглас за “Референт – материјално сметководство”.

Краен рок за аплицирање е до 20.10.2023 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе