Годинешните „Струшки книжевни средби” оставија впечатлив траг во македонското и балканско книжевно создавање

Со традиционалниот пикник и поетскиот хепенинг во Вевчани, заврши единаесетото издание на познатата меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2023.
Според масовноста во присуството и реализираните содржини, се покажа, уште еднаш, дека жителите на Струга, а со нив и потомците, имаат слух за поетското создавање, соодветно на славата на легендарните претци – браќата Константин и Димитар Миладинови.
Во Големата сала на Н.У. Центар за култура „Браќа Миладиновци“ , настапија бројни автори од Македонија, Србија и Црна Гора, при што, учеството на младите остави посебен впечаток.
Стефанија Лаброска и Климентина Димитриеска, од Струга, заедно со вевчанката Верица Мукоска и охриганката Емилија Каранфилоска, која ја понесе Награда за „Млад автор на годината”, беа примени со воодушевување од бројната публика.
Каранфилоска е на престижната награда „Живко Чинго“ за 2016 година, за најдобар краток расказ, потоа на Европската награда за поема посветена на “Денот на Европа” за 2020 година, како и на “Наградата за најдобра беседа” посветена на Прличев за 2023 година.
На ист нчин беше примен, исто така, младиот, а веќе пошироко афирмиран автор, Дарко Лешоски, кому му беше врачена Наградата „Автор на годината“ (“Македонска поетска ризница”).
Во делот за настап на автори од повозрасна група, се претставија- Адем Абдулаху oд Тетово, БајрамалиСелими од Гостивар, пота Митре Мангоски Радождански од Струга и МиркоТомоски од Охрид.
Кај гостите од странство, впечаток оставија НеделкоТерзиќ , ВикторШекероски и Веселин Мишниќ, како и Лабуд Н. Лончар, од Црна Гора, кој ја прими овогодишната Награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“.
Тој е член на повеќе книжевни здруженија во земјата и странство, има објавено 5 збирки поезија, пишува проза и е колумнист во релевантни медиуми. Песните му се преведени на германски, англиски, француски, полски, руски, русински, македонски и бугарски јазик.
Највозрасниот мегу учесниците, доаенот на македонското новинарство, публицистот, поет, раскажувач и автор на телевизиски сценарија, Мишо Китаноски, ги освои стружани и другите гости, со свото “Слово за поетска Струга”.
Публиката, со овацики го проследи доделувањето на Наградата за „Животно дело“ на Мишо Китаноски.
Чин за паметење, ќе биде настапот на Наум Бајо, новинар и книжевник, член на Друштвото на писателите на Македонија, кој, воедно, ја доживеа и промоцијата на неговите три тома од книгата „Мојата Струга“, а вети уште толку за догодина.
Манифестацијта, многу повеќе од само поетски настан, беше збогатена со настапот на Студиото за модерен танц БАХ, составено од талентирани деца, со музичка кореографска изведба на Тања Бах.
Присутните, ја доживеаја и музичката изведба на “Тага за Југ” од Констанин Миладинов, инпретерина од младиот поет и музичар, имењакот и презимењак, Константин Миладинов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе