Печево, 12.08.2024
Летово и Пехчево се соочи со голем шумски пожар кој избувна на планината Кадиица надвисната над самиот општински центар, а кој сеуште не е локализиран.
Пожарникари од малиот град на истокот од нашата држава и пожарникари од други места го гаснеа пожарот. Пехчево имаше само едно мало противпожарно возило но од синоќа нема ниту едно бидејќи постојното изгоре.
-Единственото противпожарно возило со кое располага ДПД Пехчево изгоре во големиот пожар што беснее над Пехчевско. За жал денес ни се случи голема катастрофа кога изгоре тоа возило кое беше зафатено од пламените јазици, објави на фб Кре Михаилов, заменик директор на ЈП „Национални шуми“, кој објави фотографии и видео од настанот.
Од ДПД Пехчево известија дека за среќа пожарникарите кои херојски го гаснеле пожарот се здрави и живи, а некои од нив поминале со мали изгореници.