Штип, 25.03.2024
Никола Мицевски од Штип, пратеник со два мандати во Собранието на Македонија, шеф на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, вчера ја заврши богатата судиска кариера во од бојкарскиот спорт.
Мицевски вчера го судеше финалето на Купот на Македонија кој што се одржа во Штип, а по завршување на средбата доби пригодни подароци и признанија.
На својот фб профил Мицевски напиша:
Величествено завршување на дел од моето хоби, кое што непланирано стана составен дел од мојот живот.
- 31 година “Национален одбојкарски судија” во лигите на ОФМ
- 23 години “Меѓународен одбојкарски судија” на CEV и FIVB
- 150 официјални меѓународни натпревари
- 3 финалиња на меѓународни европски купови
- 2 Европски првенства
- 1 Светско првенство, и многу дестинации, нови пријателства и незаборавни моменти на одбојкарските терени.
- Голема благодарност за вчерашниот ден и огромната почит и внимание од Одбојкарска Федерација на Македонија, Судиска организација на ОФМ , моите колеги од МО Штип, Општина Штип и сите присутни во салата на вчерашниот финален натпревар од “Купот на ОФМ за 2024” за сета чест која ми ја направија.
🏆 Честитки за историското освојување на Купот на ОФМ на одбојкарите на Одбојкарски клуб “Штип Угд” , ова е прв трофеј во градот Штип освоен во екипен сениорски спорт.
✅️Благодарам и до следно видување на спортските терени во некоја друга улога.
Мицевски во својата богата кариера ја делеше правдата на три финалиња во европските
Купови, две Евроспки првенства, едно Светско првенство.
Со преку 150 меѓународни натпревари ќе остане запаметен како еден од најдобрите претставници на македонската одбојка на светско ниво.