ПРОТЕСТ ВО ШТИП: Заштита од државата побараа оние чија работа е да ги штитат граѓаните

Штип,04.11.2023

Во организација на Гранскиот независен синдикат на полицијата денес напладне, на штипскиот плоштад „Слобода“ протестираа вработени во Министерството за внатрешни работи од неколку градови од Источниот регионот. Колоната од возила од кои се вееше знамето на нашата држава го започна својот марш за правда и праведност на полициските работници од кружниот ток кај Дујлето, продолжи ни центарот на градот за на плоштадот синдикалните лидери да го искажат полициското незадоволство и кон надлежните да ги упатат своите барања.

-Тука сме за јавно да ги пренесеме пораките на незадоволство на вработените во МВР зашто чашата е веќе прелиена. Ова бидејќи во изминатите неколку месеци се нападнати и повредени над сто полицајци поради лошите закони кои се на штета на полицијата односно на луѓето, чија работа е да се грижи за безбедноста на граѓаните. Осум години нашиот синдикат бара измени во одредени закони како што се Законот за полиција, законот за Внатрешни работи, законот за работни односи и Кривичниот закон, измени со кои ќе се заштитат нашите членови, но нашиот глас не допира до надлежните, рече Гоце Делчев, првиот човек на независниот синдикат на полицијата кој, според говорникот, брои околу 3.200 членови.

Тој најави поставување на часовник на Триуфалната капија кој часовник ќе ги брои нападите и повредите на полицските работници.

За идната сабота најавен е ваков протест во Струмица, а потоа и во Куманово, кој град Делчев го нарече „Градот на министерот во МВР“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе