ВИНИЦА: Даночната стапка на недвижниот имот нема да се зголемува

Виница, 08.11.2023

Даночната стапка за данокот на имот на недвижности на територијата на општина Виница нема да се менува. Ова е резултат на направена законската репроцена, односно ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот.

Стапката на данокот нема да се зголеми од досегашните минимални 0,10 отсто од пазарната вредност на недвижниот имот, односно на 0,05 отсто од вредноста на објектот во кој живее даночниот обврзник.

-Репроцената на данокот на имот на недвижностите ја направиме заради утврдување на реална и правична основа за оданочувањe на сите граѓани кои се даночни обврзници. Потребата за ревизија на вредноста на имотот произлезе од новите измени за Законот за даноците на имот со кој општините се обврзани да прават репроцена на секои 4 години, а последната репроцена кај нас беше од пред 18 години. Граѓаните кои поседуваат имот чија пазарна вредност е променета поради одредени инвестиции, легализација на доградби и надградби илипак поседуваат цели објекти што досега не биле оданочени, ќе добијат корегирани износи во решенијата за данокот на имот, истакна Миле Петков, градоначалник на Општина Виница.

Корегиран износ во даночните решенија ќе има и за сопствениците на имот за кој промените настанале поради проширување на градежниот опфат во Виница, односно по донесување на урбанистички план недвижноста од земјоделско преминала во градежно земјиште и слично.

Од Општина Виница ги повикуваат граѓаните со навремено и редовно плаќање на данокот на имот да придонесат во остварувањето на планираните приходи во Буџетот, а со тоа и за целосна реализација на проектите од годишните програми што ги донесе општинскиот совет.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе