ШТИП се закити со титулата „Европски град на спортот во 2024 година“

Штип, 11.12.2023

Штип во Европскиот парламент во Брисел ја доби титулата „Европски град на спортот за 2024 година“. Се работи за големо признание од областа на спортот кое, дополнително, отвора нови можности за негов развој во наредната година преку искористување на европските фондови и европските грантови за изработка на проекти, но и преку одржување на различни меѓународни натпреварувања во регионалниот центар на Источна Македонија преку поддршка на спортските клубови и спортските работници. Оваа ретка можност Градот под Исарот ќе ја има во 2024 година, но тоа , според градоначалникот Иван Јорданов, ќе значи и голема одговорност и обврска повеќе за Штип да продолжи да создава вистински спортски вредности.

„Доизградбата на спортскиот центар „Џексон“ е наша обврска, приоритет и потреба на спортските работници, на спортистите, на спортските клубови, заради тоа веќе имаме изработено готов проект, направивме финансиска конструкција и очекувам веќе на почетокот на 2024 година да биде распишан тендер за избор на најповолен понудувач којшто ќе го изгради овој објект. Финансиската конструкција ќе биде предложена во Буџетот за 2024 година“, нагласи градоначалникот  Јорданов пред преполната сала на Општина Штип во која доминираа спортисти, спортски и медиумски работници.

Се работи за големо признание од областа на спортот кое, дополнително, отвора нови можности за негов развој во наредната година преку искористување на европските фондови и европските грантови за изработка на проекти, но и преку одржување на различни меѓународни натпреварувања во регионалниот центар на Источна Македонија преку поддршка на спортските клубови и спортските работници

Првиот граѓанин на Штип уште рече дека приоритет на Општина Штип е изградба на сала за боречки спортови што е дамнешна желба на спортиситите од опвие спортови кои остварија најголеми успеси во изминативе години, изградба и реконструкција на постоечката трибина на Градскиот стадион со атлетска патека, изградба на две училишни спортски сали во населбите Три Чешми и Караорман, нешто што е основа за развој на спортот. За сите овие проекти општината има обезбедено финансирање и определено финансиска конструкција, така што се очекува во 2024 година поголем дел од нив да бидат финализирани или, пак, во тек на градба.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе