Што ќе прави винички Макпрогрес со 2 милиони евра кредит од Шпаркасе Банка поддржана од Европската банка за обнова и развој?
Штип, 25.07.2024
Шпаркасе Банка обезбеди до два милиони евра кредитно финансирање на компанијата „Макпрогрес“ од Виницас, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик. Притоа ЕБОР ќе учествува во споделување на ризикот преку воспоставената не-финансирана Програма за споделување на ризик.
- Со овој кредит ќе се поддржи растот на компанијата, а со тоа Макпрогрес ќе одговори на зголемената побарувачка на нејзините производи. Кредитот ќе ги поддржи потребите на Макпрогрес за обртен капитал и ликвидност како одговор на зголемената побарувачка.
Одил Рено-Басо, Претседателката на ЕБОР изјави:
,,Ми претставува задоволство да потврдам дека е обезбедено кредитно финансирање до ЕУР 2 милиони за Макпрогрес преку Шпаркасе Банка, која е наша партнерска банка, при што ЕБОР ќе гарантира до 50% од износот на кредитот преку Програмата за споделување ризик. Овие средства ќе се искористат за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал и потребите за ликвидност како одговор на зголемената побарувачка со која се соочува компанијата. Проектот ќе продолжи и со поддршката на новоизградениот мултидисциплинарен едукативен центар на компанијата, кој обезбедува акредитирани тренинг програми и признаена сертификација на пазарот на трудот во регионите каде овој тип на можности се помалку застапени.”
Со договорот Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на дополнителниот раст и развој, зголемувањето на капацитетот на постоечките производи, развојот на нови производи и зголемената продуктивност и конкурентност.
Нина Неданоска, Заменик-Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје изјави: ,,Шпаркасе Банка секогаш ги користела можностите да биде лидер во банкарската индустрија во рамки на соработката со важните развојни институции, фокусирајќи се на иновација и кредитирање на сектори кои се од примарно значење за економскиот развој. Шпаркасе Банка и Макпрогрес имаат воспоставено силна и здрава соработка, и среќни сме што истата успешно се унапредува, во случајов со поддршка на ЕБОР, која често ја поддржува нашата соработка со клиентите преку Програмата за споделување на ризик”.
Глигор Цветанов, главен и извршен директор на Макпрогрес, истакна:
,,Со договорот кој го потпишавме Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на дополнителниот раст и развој, зголемувањето на капацитетот на постоечките производи, развојот на нови производи и зголемената продуктивност и конкурентност. Шпаркасе Банка и ЕБОР се дел од нашиот раст и развој преку долгогодишна успешна соработка и ни претставува чест и задоволство да ги имаме како наши партнери.”
Макпрогрес е локална семејна компанија, со 640 вработени, која произведува и продава прехранбени производи под брендовите Винчини, Дониа, Сончева долина, Фантазија и Натура, во над 60 земји во светот.
Шпаркасе Банка е водечкa партнер банка на ЕБОР во Северна Македонија и прва банка во земјата која учествува во не-финансираната Програма за споделување ризик. Програмата за споделување на ризик на ЕБОР им овозможува на партнерските банки да ја споделуваат изложеноста на кредитите кои им ги одобруваат на клиентите, преку финансирано или не-финансирано учество во ризикот, придонесувајќи кон зајакнување и раст на локалните претпријатија.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Република Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,9 милијарди ЕУР во 190 проекти во земјата.
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и претприемачката иницијатива во 36 економии на три континенти. Банката е во сопственост на 73 земји, како и на ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро управување, еколошка одржливост, отпорност и интегрираност.