Денеска се наоѓаме на крстопатот на историјата и време е да дејстуваме, најави премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер на прес-конференцијата по денешниот Самит во Лондн, каде со европските лидери разговараа за решение за војната во Украина. Според Стармер, време е Европа да зајакне и да се обедини со нов план за праведен и траен мир.
„Денес сме на крстопатот на историјата. Не е време за уште разговори. Време е да се дејствува. Време е да се ангажираме повеќе и да се обединиме околу нов план за праведен и траен мир“, рече Стармер по Самитот.
Како што кажа тој, Европа мора да ја заврши тешката работа според новиот план.
Премиерот Стармер рече дека Обединетото Кралство и Франција креираат „коалиција на засегнати“ и дека разговорите ќе се „интензивираат“ за да се создадат безбедносни гаранции кои вклучуваат британски трупи на теренот во Украина и борбени авиони.
Самитот во Лондон се одржа откако на Володимир Зеленски му беше кажано да ја напушти Белата куќа во петокот кога разговорите со претседателот на САД Доналд Трамп беа прекинати по расправијата во Овалната соба што се емитуваше во живо.
Стармер најави дека Британија ја „удвојува“ поддршката за Украина и се залага за поголем придонес од европските сојузници за безбедноста на целиот континент, но, како што додаде, потребна е и „американска поддршка“.
Тој, исто така, најави нов договор од 1,6 милијарди фунти, кој ќе и овозможи на Украина да купи 5.000 проектили за противвоздушна одбрана.
Стармер рече дека ако се постигне договор со Русија, тој „мора да се зачува“.
Тој додаде: „На крајот, договорот ќе мора да ја вклучи Русија, се разбира, тоа ќе се случи, но не можеме да му пристапиме на ова прашање ако Русија ги диктира условите за какви било безбедносни гаранции дури и пред да дојдеме до договор, инаку нема да постигнеме никаков напредок“.
„Но, ако се постигне договор, тоа треба да биде договор кој потоа ќе се зачува, бидејќи она што го видовме во минатото е прекин на непријателствата без никаква поддршка, а тоа беше лесно прекршено од Русија, и токму тоа е ситуацијата што мислам дека треба да ја избегнеме овој пат, и затоа одиме по овој пат“, рече Стармер.
Но, прермиерот на Обединетото Кралство беше дециден дека за да се подржи мирот на нашиот континент, овој напор мора да има силна поддршка од САД.
„Работиме со САД по состанок со претседателот Трамп минатата недела, и дозволете ми да бидам јасен, се согласуваме со претседателот за итната потреба за траен мир, сега треба да го постигнеме заедно. Конечно, се договоривме дека лидерите ќе се сретнат повторно многу наскоро за да го задржиме темпото зад овие акции и да продолжиме да работиме кон овој заеднички план“, рече Стармер.
Самитот во Лондон дојде откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски беше испратен од Белата куќа по расправијата во Овалната соба со претсдателот на САД, Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Watch Live: My press conference at the leaders’ summit https://t.co/n5jnxTkonO
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 2, 2025