Вечерва во ресортот „Магнолија“ на Пониква, новинарите од регионот ќе ги врачат признанијата „Најдоброто од истокот за 2022 година“
Штип, 06.10.2023
Петнаесет институции и поединци од разни области на општественото живеење во Источниот регион вечерва ќе ги добијат признанијата „Најдоброто од истокот“, манифестација која девета година по ред ја организира регионалниот центар на новинари „Исток“.
Добитници на признанијата кои доаѓаат од новинарската фела се:
-Проф-д-р Трајан Гоцевски, првиот министер за одбрана на независна Македонија добива признание за животно дело од значење за државата. Гоцевски е роден во селото Селник, Општина Делчево.
–Жарко Илиевски, рудар во рудникот „Саса“ добива признание за најдобар работник во регионот.
-Спсецијализираната приватна болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ е најдоброто во областа на здравството.
–ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип е избор на новинарите за најдоброто во образованието.
-На првото лице на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, Зенил Реџепов-Стручни ќе му биде прачена плакетата за најдоброто во културата.
– Д-р Светлана Кордумова Трајанова од Штип е најдоброто во регионот на полетот на иновативноста.
-Магистрантот на УГД Ана Михајловска, по потекло од Македонска Каменица, е прогласена за најдобар млад научник. Таа е и добитник на инженерскиот прстен од претседателот Стево Пендаровски.
–Игор Пехчевски од Берово добива признание за најдобар граѓански активист за својата голема борба за сите болни од цистична фиброза да го добијат лекот трикафта.
-Ресортот Магнолија на Пониква е најдоброто во областа на туризмот како нешто ново кое нуди светски стандарди во оваа важна стопанска гранка.
–Територијалната противпожарна единица – Штип беше во спасувачка мисија од земјотресот во Турција за што новинарите им го доделуваат признанието за солидарност.
-Истото признание за учество во спасувачката мисија во Турција му е доделена и на Тимот за заштита и спасување од рудникот „Злетово“ кој е дел од републичките сили во резервниот состав на Дирекцијата за заштита и спасување.
–Супериор Диспеч Центар ќе го понесе признанието за најдоброто во стопанството.
–Ротари клубот Кочани-Виница добива признание за хуманост.
-Групата „Ентузијасти“ – Штип се закитува со признанието за општествена одговорност.
-Проф.д-р Сашко Кедев е најдоброто во спортот за неговите подвизи во освојување на неколку светски врвови повисоки од 8.000 метри.