20.09.2024
„Најпрвин, треба да се направи динстикција помеѓу Театар за деца и млади и Детски или Младински театар, исто како што постои и се прави раазлика меѓу литература за деца и млади и Детска, односно Младинска литература. Потоа, веднаш треба да кажеме дека просветителската улога е само една од улогите и значењето на Театарот за деца и млади“.
Ова беше речено на денешниот симпозиум одржан во Штип под наслов „Театарот за деца и неговата просветителска улога“ во организација на НУЦК „Ацо Шопов“. Симпозиумот беше поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија. На симпозиумот чиј модератор беше писателот Трајче Кацаров свои искажување на оваа тема покрај Кацаров имаа и писателите Гоце Ристовски,Тодор Кузманов и Христо Петрески.
Посебно е битно да се води грижа и да се отстрани поедноставувањето, банализирањето и тиранијата на дидактичката употреба на театарот за деца и млади, а да се воведуваат, усовршуваат и стимулираат новите начини на мислење и однесување во врска со културните, уметничките развојните, прогресивните и технолошките феномени, беше речено во дебатата.
„Детето и младиот човек се специфични гледачи, со посебни перецептивни и рецептивни можности. Менталната можност на детето не мора и често не е иста со неговата физичка старост“, беше речено на симпозиумот.
Според искажувањата на присутните писатели, целта на Театарот за деца и млади е на детската и младата публика да и се пружи најдоброто можно естетско, специфично театарско искуство. И театарот за деца и млади, како и оној за возрасните, треба да ги развива и негува своите театарски жанрови и форми, а не само да (ре)интерпретира бајки со музички илустрации или сонгови и на тој начин да го органичува, потценува и заглупува етстетското промислување и насладување на младата публика.
„Детето и младиот човек се специфични гледачи, со посебни перецептивни и рецептивни можности. Менталната можност на детето не мора и често не е иста со неговата физичка старост. И во овој случај, при сценското случување кое делува на публиката, постои и функционира светото тројство: сценско случување, дејствување и публика“, заклучија учесниците во симпозиумот.
Инаку токму неделава во Штип, во организација на Националната установа за култура „Ацо Шопов“, се одржа дванаесеттиот по ред театарски фестивал за деца „Малиот принц“ на кој за три дена се прикажаа пет претстави на театри од Македонија и Бугарија.