ШТИП: ЈП „Исар“ го реши проблемот со вода на „Сутјеска“

Штип, 20.08.2019

ЈП „Исар“ во изминатиот период работеше на целосна реконструкција на водоводната линија на улица „Сутјеска“. Ова беше долгогодишен проблем на граѓаните и локалната власт се зафати со решавање на истиот.

Се работи за обнова на 310 метри главна водоводна линија, 350 метри сервисна линија и 230 метри приклучни врски за нови 40 домакинства на улиците „Никола Тесла“, „Пролетерска“ и „Астибо“.

„Овде изработивме 900 метри должни нова водоводна линија со нови цевки, бидејќи оваа улица беше премногу проблематична. Граѓаните овде често се соочуваа со проблеми да пукаат водоводните цевки, да нема притисок многу често и да нема воопшто вода за пиење“, рече градоначалникот Бочварски.

Според Бочварски целата инвестиција е околу 4,2 милиони денари или околу 70.000 евра. Парите се инвестиција на Општина Штип заедно со ЈП „Исар“, а Општина Штип во идниот период ќе пристапи со асфалтирање на оваа улица, со што целовкупната инвестиција за оваа улица ќе биде околу 100.000 евра.