Што видовме на плоштадите, тоа го најдовме во кутиите

  • На митинзите на нашите плоштади нашиот народ го најави големиот пресврт, а потоа, во кутиите, на крајот од изборниот ден, ја исчитавме таа народна воља за темелни политички промени и за збогување со „бандата лудаци“
Анализира: Иван Бојаџиски
Анализира: Иван Бојаџиски

Социјалдемократите поткрепени со коалиционите партнери, станаа апсолутни победници во источниот регион. Политичката карта целосно е превртена на глава. Портокаловата боја е збришана од овој убав простор, регионот се обои во сината боја на социјалдемократијата.

Уште во предизборието беше јасно дека ќе се случуваат драматични промени во расположението на граѓаните од овој регион во однос на политиката кои тие ја посакуваа. Впрочем, таа нова, позитивна драматика ја видовме на нашите плоштади. Додека ВМРО ДПМНЕ своите митинзи ги држеше на полупразните плоштади, додека Груевски си ги кинеше нервите од тоа што и „неговите“ одбија да дојдат да го слушаат што тоа ново ќе им каже ако воопшто има што да им каже, на митинзите на СДСМ и коалицијта видовме сосема поинаква слика. Преполни плоштади, убави говори, насмеан и радосен народ полн со надеж дека е дојден крајот на тиранијата и на еден досега невиден тоталитаризам на овие простори. Надеж дека доаѓа ново време во кое ќе има живот за секој човек во нашата држава.

22366496_1949102165331134_8646356928468386715_n

 Штип – митинг на СДСМ…

Јасно е дека Зоран Заев е новата ѕвезда на нашето политичко небо. Како што, според српски политичар, беше главна звезда на последното заседание на Обединетите нации. Тој факт стои. Тој факт беше запечатен како наша нова вистина на сите наши плоштади. Се разбира и во општините во нашиот регион. Од Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница,Кочани, преку Пробиштип , Карбинци и Штип и се до Свети Николе. Наспроти бедната претстава на вемерето видовме блескава креација, одлична проекција на нашата нова иднина на социјалдемократите и нивните политички истомисленици.

По митинзите дојде изборниот ден. И се случи тоа што беше најавено на нашите плоштади. Таа силна народна воља, таа синергија помеѓу народот наш и новата социјалдемократска политика, ја најдовме во гласачките кутии. Од кутиите беше „извадена“ вистината дека во само едена општина во регионот ВМРО ДПМНЕ има советник повеќе од од СДСМ. Во сите други Општинските совети мнозинството е доминантно кај СДСМ и коалицијата.

22448280_1949101475331203_6421828795341145867_n

…и минтинг на ВМРО ДПМНЕ

Но, што тоа му пресуди на ВМРО ДПМНЕ, на неговите градоначалници, на советите?

И понатаму упорно ги шетам сите места во регионот и добро знам дека подолго време народот говореше (поправилно- шепотеше, поради стравот) дека градоначалниците со по два и повеќе мандати станале вистински паши во своите средини. Луѓето им ги броеја парите, становите, куќите, автомобилите, деловниот простор, недвижниот имот, земените субвенции за земја која не ни знаела каде е, бизниси во најсилните фирми во нивние локални пашалаци. Дури и оние кои кога станала градоначалници “немале вода во очите“, дури и тие станале многу богати, иако платата не им била поголема од илјада евра.


Но, народот мисли дека работата не е докрај завршена. Народот бара прикзната со „бандата лудаци“ да си го добие својот крај. А тоа е да им се суди за сите злодела направени над луѓе, семејства, политичари, институции, фирми, со еден збор да им се суди за злоделата направени против Република Македонија


Вториот елемент го наоѓаме во прислушкуваните разговори на имателите на бившата власт, односно во тнр. „бомби на Заев“. На луѓето им стана сосема јасно со кого тоа си имаат работа. Кога регуларен премиер бара три јаки шамари за регуларно избран градоначалник, тоа е знак дека си имаме работа со „банда лудаци кои јадат чоколада а народот нема за леб“ (Зоран Ставревски). Или – „Он, женаму, децата во колата па во ендек“. Тоа е повик за убиство на цело семејство, повик испратен од член на „бандата лудаци“-Мартин Протогер. Или: „Миле, ми текна, абе да не се многу 15 милиони евра провизија“…(Разговор помеѓу Груевски и Миле Јакимовски)…И на крајот – „Минирајте му го објектот да му тече од ногавиците“ (Груевски дава наредби на Јакимовски).

Тој повик за убиство на семејство, тоа нарачување шамари зашто народот си избрал градоначалник од друга политичка средина, тоа што некои лудаци јаделе чоколада кога народот гладувал, тоа што само од еден автопат провизијата била 15 милиои евра, тоа што на некој кој вложил милиопни евра во зграда поради лудоста на лудиот премиер морало да му тече од ногавиците, е тоа она кое Заев имаше храброст да го обзнани во „бомбите“, на што народот одговори со – „никогаш повеќе вакво зло“ и ја збриша „бандата лудаци“ од политичката карта на Македонија.

Но, народот мисли дека работата не е докрај завршена. Народот бара приказната со „бандата лудаци“ да си го добие својот крај. А тоа е да им се суди за сите злодела направени над луѓе, семејства, политичари, институции, фирми, со еден збор да им се суди за злоделата направени против Република Македонија. Ако „бандата лудаци“ не биде процесуирана на суд, ако правдата и правото не си дојдат по своето, тогаш народот ќе мисли и се повеќе ќе говори дека сите се исти затоа што меѓусебно си се штитат.

Народот му даде огромна доверба на премиерот Зоран Заев и на СДСМ со сите политички парти кои и се придружија на „партијата булдожер“ да го расчистат патот од криминалот и нечовештината на бившите владетели од „бандата лудаци“. Народот му даде доверба на Заев да ја однесе Република Македонија таму каде што и е место, каде што можеме да го најдеме  нашиот спокој. А тоa се НАТО како гарант на нашата национална безбедност и ЕУ како пристаниште за нашата социјална сигурност.