MИТАНОСКИ: Честитки за Стево, честитки за Константин

Пишува: Веле Митаноски

Охрид, 06.05.2019

Честитки за Стево, мојот нов претседател, а стар пријател. Честитки за Константин, мојот нов градоначалник, а исто така стар пријател.

Би свадба и помина.

Од денес на работа! Песочниот часовник за нас истекува. Ако не можете да го затнете, за почеток барем превртете го!

Вчера чекајки го резултатот сменив неколку меани во Охрид. Нема кој кафе да ве послужи. Келнерите паѓаат од нога, работат во три смени, немаат замена.

Берберот ми замина во Канда, водоводџијата во Германија („Немачка“) електричарот во некоја друга „Имачка“.

Реалноста е таа, а вие како сакате!?

Веле Митановски со статус на ФБ..