Mинистерството за култура со 11 проекти за општина Виница

2019
ФА „Китка“ ќе биде поддржана со три проекти

Виница, 01.02.2017

Општина Виница е информирана дека Министерството за култура за тековната година финансиски ќе подржи 11 проекти. По четири проекти се одобрени на домот на култура “Тошо Арсов“ и на музејот “Теракота“, додека Фолклорниот ансамбл “Китка„ ќе ја има поддршката за три проекти.

И годинава Министерството за култура ќе  ги поддржи работата на мандолинскиот камерен квинтет за класична музика, како и Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас“ . На финансиска подршка ќе може да сметаат и Ансамблот за староградски песни “Серенада“ , а ќе биде финансиран и еден концерт на ансамблот Танец.

ФА “Китка“ ќе биде делумно финансирана за оддржувањето на Меѓународниот фолклорен фестивал “Истибањско Здравоживо“, а ќе биде поддржано и меѓународно  гостување на фолклористите. Годинава „Китка“, за првпат ќе добие пари и за проектот за обновување на народните носии.

Министерството за култура ќе финансира и четири проекти во областа на археологијата, од кои како најзначајни се проектите за расчистување и покривање на објектот – цистерна во Виничко Кале, Музејската ноќ-2017, Конзервацијата на материјали од археолошкиот локалитет Коколов Рид, како и изработка на посебен проект од областа на заштитата на движното културно наследство и негова реализација.

(м.м.)