СНЕГ: На Маврово-27, на Ѓуриште 24, во Малешевијата 8, во Штип 4 сантиметри

Штип, 21.03.2021

Баба Марта пак си ги покажа забите. Како што пред околу две недели најавија нашите метеоролози, во втората половина од месец март снег заврна во речиси целата држава. Белата покривка започна да ја покрива Македонија од вчера попладне, а најмногу снег имаше на Маврово-27 сантиметри.

Во Источниот регион најмногу снег наврна на Ѓуриште-24 сантиметри, потоа во Берово-8, а во Штип-4 сантиметри.

Врнежите од снег ќе продолжат и утре на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во продолжение ви донесуваме неколку прекрасни снежни фотографии од Малешевијата.

viber_slika_2021-03-21_20-55-34 viber_slika_2021-03-21_20-55-35 sneg01 sneg02

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе