Берово, 22 декемри, 2016
Солзи и очај и молба испратена на лош македонски јазик испраќа 45-годишната Јустина, Пољакиња,мажена за Славе Мадевски од беровско Русиново. Нема македонско државјанство, нема документи за престој во Македонија и нема право ни на здравствено ни за социјално осигурување, но има болест која не е дијагностицирана и која со месеци ја врзала в кревет. Сиромаштијата не им го дава „раскошот“ за медицински испитување и лекување на Јустина.
Нема ни здравстена книшка, ни пари, ништо. И апчиња и земав и за нив не сум платил. Едни апчиња и давам за смирување и едни за шеќер, толку, кажа Славе Мадевски, сопруг на Јустина.
Јустина и Славе се 10 години во брак, живееле од сензонска работа во Грција. Но, болеста на Јустина ги остави без ништо, па овие сопружници преживуваат од ден за ден. Поддршката и прегратката од Славе, за Јустина не се доволни. „Нема веќе ни што да јадеме, се запишував и за леб.. Ако ни дадат социјална помош ќе ја однесам на лекар, ќе ја негувам додека да оздрави. После ќе работиме, не ми треба помош“, рече Мадевски.
Славе бил по сите институции, но одговорот од секаде е ист, Јустина нема документи, за да ги користи привлегиите од здравстевено и социјално осигурување. Матичниот лекар на Славе и дал само симптоматска терапија.
И требаат документи од Полска, а ниту може физички да оди ниту имаме пари , вели Славе . Скромната куќичка во беровското село Русиново ја крие во себе траорната приказна за младата жена –фантом, но и за системот. Дали ќе ја препознаат хуманите?
Даниела Такаева, ТВ „Стар“