БОРОВ ДОЛ постави специјални куќарки за птици изразувајќи ја јасната посветеност за заштита на биодиверзитетот во регионот
Радовиш, 26.07.2020
Рудникот за бакар Боров Дол е општествено и еколошки одговорна компанија, која во рамките на своите дејности превзема мерки за намалување на влијанието врз животната средина. Рационалното користење на природните ресурси, заштита на животната средина и зачувување на биолошката разновидност, се дел од одржливиот развој на компанијата.
Рудникот се залага за зачувување на биодиверзитетот околу концесискиот простор на рудникот и за таа цел спроведе активност. Во периодот од 23 – 24.06.2020 година се поставија специјални куќарки за птици (вештачки гнезда) околу концесисикиот простор на рудникот Боров Дол. Ваквиот чекор ќе помогне да се надминат основните причини за загуба на биолошката разновидност или евентуалните промени во гнездечките територии на птиците.
Вештачките гнезда, како една од компензациските мерки, се поставени на десет локации околу концесисикиот простор на рудникот, на среднонапонски и нисконапонски далекуводи од страна на стручна екипа на EVN Македонија и тоа на потегот с. Ново Село и с. Брест, на потегот населба Дамјан кон зградата на стариот рудник и на потегот полиња во с. Дамјан кон регионалниот пат Штип – Струмица.
“Нашата компанија се стреми кон одржливо користење на природните ресури, превеземајќи соодветни пристапи преку употреба на применливи технологии. Со спрoведувањето на оваа активност, ние се стремиме кон зачувување на биодиверзитетот во околината и подобрување на условите во животната средина околу рудникот Боров Дол”, истакна Павел Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Кристина Крстева