Бочварски подели 110 книшки на нови членови на СДСМ

Штип, 08.09.2017

  • Новите, млади социјалдемократи се убедени дека по 15 октомври Штип ќе го добие најдобриот градоначалник со кој градот и општината ќе ги испишат најдобрите страници од својата понова историја

 blagojИ онака големото семејство на СДСМ во општина Штип, со секој нов ден станува се побројно. Вчера попладне, по повод 8 септември, денот на независноста на Република Македонија, Благој Бочварски, потпретседател на Партијата и кандидат за градоначалник на Штип, подели 110 членски книшки на исто толкав број исклучиво млади луѓе, што убаво може да се види и од форографиите.

„Секој ден ни приоѓаат нови членови, во најголем број млади, но има и од повозрасните генерации. За нив ќе правиме посебна свеченост на која, исто како и на младите, во една убава, релаксирачка и за иднината на Штип и Македонија оптимистичка атмосвера, ќе им ги врачиме членските книшки“, ни изјави Бочварски.

Новите членови ги примија своите членски книшки во партиските простории. Тие рекоа дека како млади луѓе токму во СДСМ како политичка партија ја гледаат перспективата на Штип и на Македонија, и со своето зачленување во Партијата, а веднаш потоа и делување на терен, сакаат да го дадат  својот младешки прилог во реализација на таа и таква стратегија за подобар живот на сите.

Сите тие се убедени дека по 15 октомври, на најважната градска функција ќе дојде млада, образована, успешна лличност, облагородена со сите морални квалитети и вредности, односно дека тоа ќе биде Благој Бочварски. Новите млади штипски социјалдемократи се убедени дека од тој историски за нив ден ќе имаат една поправедна, напредна, европски уредена Македонија и исто таков град и општина во кои секој би посакал да живее. Тоа ќе биде нова вредност посебно за младите кои повеќе нема да бараат излез во бугарските пасоши и бегство од дома во туѓина во потрага по еден нормален живот.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе