Бочварски се сретна со Здружената оперативна команда

Штип, 21.06.2018

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денес оствари средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда, на којашто присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции. Бочварски ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети, додека бригадниот генерал Павле Арсоски зборуваше за присуството на АРМ на територијата на општина Штип, како и за соработката помеѓу АРМ и Општина Штип.

Боев и Арсовски
Боев и Арсовски

 „Убаво е да се види како припадниците на Армијата на Република Македонија работат посветено, енергично и професионално ги применуваат своите знаења. Нивните знаења, вештини и искуства се она коешто ја прави нашата држава и граѓаните сигурна, безбедна и просперитетна“, рече Бочварски

Тој потенцира дека Владата на Република Македонија и Министерство за одбрана прават сé во насока на подобрување на условите за работа припадниците на АРМ.

Како граѓани на Република Македонија треба да се гордееме што имаме ваква институција којашто работи во интерес на граѓаните, институција која често нѐ претставува во други држави во вистинско светло, институција којашто претставува мост до НАТО и ЕУ. Во иднина ќе продолжиме да разменуваме искуства и взаемно да ги претставуваме институциите во кои работиме, а сме убедени дека меѓусебната координација ќе даде подобар резултат во општественото работење,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Претставници од ЗОК при АРМ го посетија  и Универзитетот „Гоце Делчев“. Каде беа примени од ректорото проф.д-р Блажо Боев и ректорската управа. Бригадниот генерал Павле Арсовски и началниците на секции изразија благодарност за срдечниот прием во УГД и истакнаа дека ЗОК при АРМ е единица која во своите редови има најмногу високообразован кадар. Ректорот на Универзитетот Блажо Боев истакна дека Универзитетот е отворена институција која во своите редови како придружна членка ја има и Воената Академија.

„Би сакал да изразам добредојде на Универзитетот „Гоце Делчев“. Се надевам дека ќе добиете одговори на сите ваши прашања и дека соработката која ја имаме со АРМ ќе ја продлабочиме уште повеќе“, истакна во своето обраќање ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Претставниците на Здружената Оперативна Команда проследија презентација за Универзитетот и сите негови можности и разгледаа дел од инфраструктурата на УГД.

На крајот од посетата на Штип претставниците на ЗОК го посетија и Музејот во градот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе