Пробиштип го зголемува капацитетот на филтер станицата

Пробиштип, 21.06.2018

Пробиштипската филтер станица го зголемува својот капацитет за една четвртина од сегашниот. Наместо 75 литри во секунда, што е крајниот дострел на филтер станицата, наскоро таа на градот ќе може да му испорачува по 100 литри вода во секунда.

Пробиштипскиот градоначалник Драган Анастасов информира дека наскоро ќе се подобрат перформансите и на пумпната станица во Ратевица со изградба на нов цевковод до Пробиштип.

-Вредноста на овој потфат е 1,2 милиони евра. Тоа е најголема поединечна инвестиција во нашата општина во годините на нашата независност. Половина од парите се од Владата на Македонија, а половина од ЦМРС – Република Словенија  Сето ова го правиме поради зголемените потреби од вода на граѓаните на нашиот град и неколку приградски населби, како и поради потребите на нашите стопански фирми, посочува Анастасов.

Според градоначалникот, оваа општина минатата година имала пеколно лето па градот во определени периоди од денот останувал без вода за пиење. Сега, со оваа инвестиција, можност такво нешто да се повтори е сведена на нула.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе