Ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија и Албанија – пример за добрососедска соработка и разбирање

Тирана, 17. Ноември

– Ветераните од одбраната и безбеноста на Република Македонија, за општините Охрид, Струга и  Дебрца, го искористија викендов за посета на своите колеги и пријатели од Република Албанија.

Овој пат, со нив беше и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, со цел да ги согледа можностите за попродлабочена соработка со општини од Албанија, во делот на прекуграничното поврзување.

Можности  има многу, политичка воља и подадена рака – исто така, а што можеше да се заклучи од средбата со градоначалникот на Елбасан, еден од трите најголеми и инадустриски најразвиени урбани центри во Албанија, Ќазим Сејдиу.

Градоначалникот Сејдиу, потенцираше дека Охрид, Струга и Дебар, но и Битола, во минатото имале блиска соработка,која, зажал беше прекината за време на Енверовиот комунистички режим.

Veterani 4– Извонредната политичка соработка мегу нашите две земји, заедно со новосоздадените услови и взаемна воља, со сигурност гарантираат Елбасан, Корча и другите погхранични места да го вратат и надминат нивото на блискоста и соработката низ вековите. Она што сега се реализира на трговски план, во двата правци, дава гаранција дека пред нас стои заедничка светла иднина –потенцираше Сејдиу.

Градоначалникот на општина Дебрца, Ногачески, ја искористи приликата, преку неговиот колега од Елбасан, да ги повика албанскитѕе грагани да ја посетат малата, но со неогранмичени можности и потенцијали за еко -туризам општина Дебрца, регион со специфична архитектура, народна кујна, но и можности за лов и риболов, а особено за сафари – туризам.

Организаторот на патувањето – Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста, за општините Охрид и Дебрца, негува блиска соработка со соодветните асоцијации од повеќе градови во Албанија. Потврда за тоа е фактот, што нивни домаќини, практично, беа првите луге на албанското национално Здружение на резервистите и ветераните од одбраната и безбедноста:претседателот Тома Кондури, потпретседателот Енвер Ајадари и генералниот секретар, Хамид Којани.

Домаќините, мегу другото, во албанскиот главен град Тирана, на гостите од Македонија, им организираа посета на Националниот музеј на Албанија, на црквата Воскресение Христово, како и на други знаменитости.

Со нашето дружење и активности ги срушивме сите бариери кои досега постоеја, особено кога станува збор за нашите соседи. На средбата ќе се дружиме и запознаваме, ќе размениме мислења и искуства од областите кои ги покриваме, одбраната и безбедноста, какои околу и унапредување на соработката, вели претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста, за Охрид и Дебрца, Добре Вељаноски.

Двете национални здруженија, претходно, во Охрид, беа соорганизатори на манифестацијата „Езерска средба, Охрид -2018“,под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, со претставници на националните здруженија од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе