Виница, 09.01.2018
Комуналното јавно виничко претпријатие „Солиданост“ се зафати со чистење на коритото на Виничка река која минува покрај Градскиот парк и го дели градот на два дела. Игор Хирстов, директор на претпријатието ни изјави дека речното кориот не било чистено подолго време поради што се јавила реална можност од излевање на речните води во услови на поројни дождови и снег.
„Го чистиме теренот под двата моста зашто таму има најмногу наноси. Сакаме да делуваме превентивно за да не ни се случи излевање на речното корито како што тоа беше во 2008 година кога водите од реката се излеаја на двете страни од коритото. Посебна цел ни е заштитата на мостовите“, ни изјави Христов.
Мостовите на Виничка река се важна сообраќајна аорта зашто преку нив се спојува градот со неговиот индустриски, но и станбен дел. Реката знае да надојде кога на Плачковица ќе падне снег, а кога во нејзиното сливно подрачје ќе заврнат поројни дождови.
Со чистење и на други делови на речното корито КЈП „Солидарност“ ќе продолжи и во иднина.