Прилеп, 11.05.2020
Витаминка го прошири своето портфолио со три нови масла од брендот Брилијант. Покрај сончогледовото и Омега-3, отсега на пазарот се достапни и Extra virgin (ладно цедено маслиново масло), Помас маслиново масло, првенствено наменето за готвење и пржење и Микс од маслиново и сончогдледово масло, познато како салатно масло.
Станува збор за врвни масла добиени директно од маслинки со механичка обработка. Свежо собраните маслинки се по потекло од маслинови плантажи во близина на Атина. Маслото се одликува со светла и јасна зелена боја, како и богат вкус со кадифена текстура. Extra virgin (ладно цедено маслиново масло) е достапно во стаклено шише од 750мл, додека Помас маслиново масло и Микс од масла за салата се пакувани во 2л. пакување за домаќинства и 5л. пакување за ХоРеКа. Во краток временски период ќе бидат достапни и во пакување од 1л.
Студиите покажуваат дека масните киселини и антиоксиданти во маслиновото масло можат да понудат многу моќни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од срцеви заболувања.
Екстра девственото маслиново масло какво што е Brilliant Extra virgin е најмалку обработен или рафиниран тип и се смета за најздрав вид маслиново масло.
(и.б.)