Во Бучим работник почина од срцев удар, порталите збеснеа од манипулации

Радовиш, 06.02.2019

Во кругот на рудникот за бакар Бучим утринава почина работникот Љупчо Наков на 60 годишна возраст. Според одговорните во рудникот и раководството на Здравниот дом во Радовиш, работникот починал од силен срцев удар.

Наков бил вработен како возач на цистерна. Во кобниот момент неговата цистерна била на поправка, а тој во кругот на рудникот разговарал со колега од друга цистерна. Во еден миг Наков се струполил на земја, колегата ургентно повикал медицинско лица од рудничката амбуланта по што со рудничкото возило за итна помош бил префрлен во Здравниот дом во Радовиш каде докторите констатира смрт од силен срцев удар.

Но, смртта на работникот ја искористија безброј портали во државата со објави дека работникот загинал при извршување на работни задачи што сугерира дека смртта не настапила по природен пат.

Од Бучим ни рекоа дека ваквото медиумско силување на вистината е недозволиво за сериозни медиуми кои на вака сензационалистички начин сакаат да третираат нечија трагедија и да посеaт сомнеж врз нивниот колектив во однос на заштитата при работа.

-Во нашиот Здравен дом лицето беше донесено со возило на рудничката амбуланта, но за жал ние само можевме да констатираме дека тоа починало за време на транспортот од рудникот до нашата институција. Одговорно тврдам дека смртта на ова лице е дојдена по природен пат, за што е информирано и неговото семејство,  ни изјави д-р Лимонка Илиевска, директорка на Здравниот дом во Радовиш.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе