Во кои дејности се исплаќаат најмали плати во државата и каде ќе помогне растот на минималецот?

Штип, 09.02.2022

Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата веќе поминаа на Влада и сега одат во Собранието каде што треба да се изгласаат. Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата, почнувајќи од мартовската плата, не може да биде помал од 18.000 денари. Зголемувањето од сегашните 15.200 на 18.000 денари, всушност се дополнителни 2.800 денари за 80.000 работници.

„Пари“, медиум за бизнис, финансии и личен развој направи анализа на секторите во кои има најниски плати и каде работнците ќе видат подобрување на животниот стандард со изгласувањето на законските измени кои ќе донесат минимална плата од 18.000 денари.

Вообичаено кога се зборува за минималните плати, синоним е текстилната и чевларската индустрија. Но, податоците од државниот завод за статистика, покажуваат дека најниска плата има во „заштитни и истражни дејности“. Во оваа дејност пак спаѓа приватното обезбедување. Имено, Според Стратегијата за развој на приватно обезбедување. Изненадувачки, но просечната нето-плата на вработените во овие дејности во ноември 2021 година била 16.068 денари! Во Стратегијата е наведено и дека има 112 деловни субјекти кои се вршители на заштитни и истражни дејности и дека во нив има 3.387 вработени.

ПЕТ ДЕЈНОСТИ СО НАЈНИСКИ ПРОСЕЧНИ НЕТО ПЛАТИ ВО НОЕМВРИ 2021:

-Заштитни и истражни дејности-16.068 денари,

-Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 17.965 денари,

-Производи од кожа и слични проиводи од кожа – 18.588 денари,

-Производство на облека – 19.139 денари,

-Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 19.206 денари.

Податоците покажуваат дека во „ Заштитни и истражни дејности“ и во „Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата“, ниту еден од вработените сега не зема 18.000 денари, затоа што просекот е под таа бројка, така што вработените во тие дејности, сите до еден, може да очекуваат повисоки плати.

Кога се зборува за минималните плати, синоним е текстилната и чевларската индустрија. Но, податоците од државниот завод за статистика, покажуваат дека најниска плата има во „заштитни и истражни дејности“.

Познато е дека минимални плати има и во текстилната индустрија, а тамошниот просек сега е 19.139 денари. Текстилната индустрија во вкупното индустриско производство учествува со 8% и таму има околу 35.000 вработени.

Но, големо влијание, растот на минималните плати, освен во приватниот сектор ќе има и во јавниот сектор. За пониските позиции често во огласите се споменуваше минимална плата, или плата под 18.000 денари.

Во јавниот сектор на Македонија активни се 1.332 институции, во кои работен однос имаат засновано 131.183 лица. Од нив 19.594 се со статус на овластени службени лица за кои во Регистарот при Министерството за информатичко општество и јавна администрација, се водат податоци само за бројот на вработени, но не и за нивната структура. Од преостанатите  111.589 вработени во јавниот сектор, 38.493 се со средно образование (ССС), а 9.218 се со основно образование (ОСН).  Дел од овие работници ,кои се уште не го достигнале износот од 18.000 денари , може да го очекуваат зголемувањето на платите, но тоа пак отвора друго прашање – што со платите на оние со поголема квалификација и поголема сложеност – односно дали оние со минимални плати значително ќе се приближат до оние што имаа поголеми плати?

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе