Градоначалникот Стојаноски – покровител на “Езерската средба” на ветераните од Македонија и Албанија

Охрид,

– Градоначалникот на Охрид, професор д-р Јован Стојаноски, денеска, прими делегација на Општинската организација на  Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, предводена од претседателот, полковник Добре Вељаноски.

Вељаноски, во име на Организацијата на ветераните од безбедноста и одбраната на Република Македонија, една од најстарите невладини асоцијации во земјата, како и во свое лично име, на градоначалникот Стојаноски, му го честиташе изборот, посакувајќи сестран напредок на Охрид, како и подобар живот на граѓаните.

Вељаноски го покани, додека градоначалникот Стојаноски прифати да биде покровител на средбата, на која ќе бидат поканети сите градоначалници, заедно со претставниците на ветераните од Албанија (Поградец, Корча, Пешкопеја, Елбасан, Берат), Бугарија (Дупница и Јамбол), додека во наредниовпериод акцент ќе биде ставен на соработката со партнерски асоцијациии градови од Србија, за што веќе се воспоставени контакти со општина Чајетина.

Вељаноски ја изнесе отворената поготвеност за целосна соработка со градоначалникот Стојаноски и   локалната самоуправа на Охрид, додека градоначалникот Стојаноски се заблагодари за досегашната соработка и содејство во разрешувањето на потребите на граѓаните на Охрид..

На средбата беше разговарано за заедничките активности во оваа година, посебно околу организацијата на прославата на првата 10 годишнина од успешното постоење и продуктивно дејствување на Општинската организација на  Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, оваа пролет, замислена како “Езерска средба” на ветераните од крајезерските места на Република Македонија и Република Албанија.

Имено, Општинската организација на ветераните во Охрид, суштествува како матица на собирање на ветераните од Западна Македонија, бидејќи  тука е инкорпорирана активноста на колегите од Струга, Ресен, Дебар, Ростуше и Маврови Анови. Како таков, огранокот е со најбројно и најактивно членство во Република Македонија, односно во Охрид е најмасовната невладина асоцијација со над 200 илјадно членство.

Вељаноски го покани,додека градоначалникот Стојаноски прифати да биде покровител на средбата, на која ќе бидат поканети сите градоначалници, заедно со претставниците на ветераните од Албанија ( Поградец, Корча, Пешкопеја, Елбасан, Берат),  Бугарија (Дупница и Јамбол), а воспоставени се првите контакти со Србија.

– Мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање, се од животна важност, не само за граганите во нашата земја, туку и во соседството и регионот, што е наша водилка во оваа соработка, за што се потпишани меморандуми и спогодби. Не случајно една од нашите средишни активности се нарекува “Чекори за мир”.На овој начин, даваме придонес во такавиканата локална дипломатија, за што Охрид треба да предњачи во земјата –потенцираше полковник Добре Вељаноски.
Соработката, посебно со Албанија, е подигната на највисоко ниво, бидејќи во Охрид доага самиот претседател на нивното националчно здружение, Колонел Тома Кондури, за што не треба да се занемари придонесот на првиот човекот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Републикиа Македонија, генерал Филип Котели.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе