Штип, 21 декември, 2016
Градскиот хор кој функционира при Домот на млади, во пресрет на Новата година вечерва во Домот на млади со почеток во 19 часот ќе одржи Новогодишен концерт на староградски македонски народни песни и популарни песни од други земји. Хорот ќе настапи под диригентската палка на Ивана Ѓурѓевиќ, а оваа година тој се претстави на бројни фестивали како и гостувања во земјава и стрранство. Хорот се закити и со повеќе награди кои од своите гостувања ги донесе во Штип.
На овогодинешниот Новогодишен концерт, Градскиот хор ќе се претстави со следнава програма:
Македонски староградски и народни песни:
- Брала мома капини;
- Момите мамо, момите;
- Штипски сплет (Јас и реков добровечер, Мери Томчо и Рајна Бурева);
- Старата гитара (солисти: Митко Шопов и Киро Митев);
- Елено ќерко;
- Марето Нацева;
- Душо мила моја прости ми (солист: Митко Шопов и Киро Митев);
- Зурли трештат насред село.
Популарни композиции од други народи:
- Подмосковске вечери (руска);
- Тумбалалајка (еврејска);
- Кумбаја (црнечка духовна);
- Ла Кукарача (мексиканска);
- Самбина тикитикипа (Маркос Техеира);
- Хор на Евреите од опера „Набуко“ (Џузепе Верди).
Македонски евергрин композиции:
- 223-305 (солист: Никола Бујуклиев);
- Клечам и молам (солист: Раде Рогожаров);
- Чукни во дрво (солист: Кирил Ивански);
- Помина време, помина (солист: Раде Рогожаров).
Квартет гитари:
Баже Лазаревски, Кирил Ивански, Раде Рогожаров и Никола Бујуклиев. Диригент и уметнички раководител: доц. м-р Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков