Граѓанското општество и миграциската криза во Македонија: Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“

Како и во други случаи, инволвираноста на граѓанското општество во миграциската криза во 2015 година беше негативно презентирана во медиумите блиски до претходната влада. Етикетирањето како странски агенти и национални предавници продолжи и со оние организации и иницијативи кои застанаа на страната на мигрантите и покажаа солидарност.

13Ова, мегу другото, го нагласи Димитар Николоски, истражувач во Институтот за напредни студии во Кисег, Унгарија, ко-организатор на Меѓународна Конференција „Охрид – Водици 2018“. На вториот ден од работата.

Николовски говореше на тема: “Улогата на граѓанското општество во миграциската криза во Македонија”.

Дијаспората, транснационализам и интеркултурни комуникации како нов општествен капитал во реалноста што ја имаме, се во фокусот на годинашната, шеста по ред, Конференција, во организација на  Универзитетот Евро-Балкан од Скопје, заедно со  Институтот за социо-културолошка антропологија на Република Македонија од Скопје, МИРАС – Социјална организација за поддршка на изучување на културното наследство од Баку, Азербејџан и Селчук – Универзиетот од Конја, Турција.

Проф. д-р Рубин Земон од Универзитетот Евро-Балкан од Скопје, потенцира дека преку оваа Конференција ќе се даде придонес и на дијаспората и на државите да градат поуспешни политики.

– Во светот постојат повеќе модели каде што се решава прашањето околу гласањето на дијаспората. Мислам дека најефтина варијанта е да се гласа електронски. За жал кај се појави проблем што не баш цела дијаспора гласаше, а електронски секој ќе може да си гласа во своето место на престој. Меѓутоа, дијаспората има многу поголеми проблеми поврзани со културно наследство, со образованието, заштита на јазикот, вклучувањето во општествениот живот и таму и во нашата земја, гласањето е само мал дел, подвлече Земон.

Како мерки кои треба да се преземат Земон ги нагласи поактивните политики пред се околу споделување на учебници за иселениците, а јазикот може и да се учи преку интернет. Тој ја нагласи и улогата на Агенцијата за иселништво, како и ангажирањето на поголем број на учители од дијаспората, бидејќи сега се носат од Македонија, за таму да држат настава. се носеа од македонија, да држат настава.

Ние можеме да помогнеме од научен апсект со тоа што ги идентификуваме проблемите, феномените и секој од свој научен агол дава предлози, решенија, а потоа останува на другите да донесуваат одлуки, истакна Земон.

Присутните на конференцијата ги поздрави и им посака добредојде и успешна работа градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

– Она што ќе произлезе од оваа конференција би замолил да го добиеме во форма на заклучоци, вашите ставови, разгледувања и најновите научни сознанија, кои пак понатаму ќе претставуваат основа во креирањето на стратегиите на општина Охрид, во доменот на туризмот, културното наследство и неговата заштита и се разбира стратегиите во доменот на иселеништвото и спречување на миграцијата. Познато ви е дека Охрид е центарот на туризмот во земјава, град под заштита на УНЕСКО и за жал град лидер во емиграција на младите. Затоа вашите научни согледувања до кои ќе дојдете нека претставуваат основа на општината во креирање на наредните стратегии, за сето тоа да го искористиме Охрид да биде уште подобар град, препознатлива туристичка дестинација, да го задржи статусот на УНЕСКО и на среќа на сите да престане да биде лидер по иселувањето на младите, потенцира Стојаноски.

Пред почетокот на конференцијата, беше отворена изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турција.

(Крај)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе