Делчево, 17.03.2020
Општина Делчево продолжува со превентивните мерки за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево. Со таа цел, вечерва по 19 часот повторно ќе се дезинфицираат најфреквентните улици во градот.
Со дезинфекциско средство, раствор од хлор, екипи на ТППЕ Делчево по одреден распоред и согласно со фреквентноста на улиците и тротоарите, ќе ја извршат планираната трета дезинфекција и миење на улиците и тротоарите.
Апелираме до граѓаните во периодот по 19 часот да ја намалат фреквентноста на движењето.
Д.Такева