Делчево, 14.09.2021
Денес напладне, во 13 часот во Спомен домот на АСНО;, во 13 ќасот, ќе биде отворена изложба на карикатури на познатиот македонски и карикатурист Миро Георгијевски.
Организатор на настанот е НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ а карикатурите се тематски и се посветени на Ковид 19 и нашиот живот врзан за оваа пандемија.
Миро Георгијевски е еден од најпознатите и најнаградувани македонски карикатуристи. Има освоено преку сто награди за своите карикатури од кои повеќето се на фестивали ширум светот. Миро е член на Друштвото на карикатуристи на Македонија, како и Друштвото на кариатуристи на Хрватска со кое има остварено преку сто групни изложби. Има преку триесетина самостални изложби во Македонија,самостално изложувал и во Србија, Хрватска и Црна Гора.
Неговите карикатури ги има на германскиот сајт Тунпул, кој е специјализиран за карикатура, и таму неговите карикатури имаат преку 4.500.000 допаѓања. Има изложувано и во Брисел во седиштето на НАТО, каде е прогласен за граѓанин на Европа. Добитник е на наградата на посебен допринос и афирмација на македонската карикатура кај нас и во светот. Миро Георгијевски е и илустратор на книги, досега има илустрирано преку тиеесетина книги, работеше како уредник во магазинот за хумор и сатира „Остен“ и во „Македонски остен“. Соработувал и соработува скоро со сите дневни и неделни весници како во Македонија, така и на просторите на бивша Југославија.