ДЕЛЧЕВО: Ограда на ООУ „Ванчо Прке“ за поголема безбедност на учениците

Делчево, 06.02.2019

Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на училиштето.

Инвестицијата е вредна 550.000 денари, средствата се обезбедени од буџетот на училиштето, а градежните работи ги извршува делчевската фирма СД  „Транс“. Директорот на училиштето Горан Велков потенцираше дека досега училишниот двор бил ограден со жица, а оградата не била целосна и имала многу оштетувања.

-Изградбата на дворната ограда на училиштето се наметна од потребата за поголема контрола на влез и излез од училиштето, зголемување на безбедноста на учениците и заштита на имотот на училиштето. Очекуваме да се зголеми чистотата на училишниот двор и заштита на овошните дрвца кои се посадени во дворот, а сето тоа ќе придонесе кон нашата основна цел, училиштето да добие беспрекорен изглед на чистота и безбедност, рече Велков.

Согласно со проектот, дворната ограда ќе се гради во две фази. Во првата, планирана е изградба на оградата во должина од 300 метри, а градежните работи треба да завршат до јуни месец, по што ќе следува изградба на втората фаза со која ќе биде изграден делот од оградата која граничи со детската градинка.

Инаку, согласно со проектот, училиштето ќе има два влеза од кои едниот кој ќе биде со ширина од три метри, ќе биде наменет за моторни возила, додека вториот влез кој ќе биде за пешаци, ќе биде со ширина од 1,2 метри. Оградата е проектирана со висина од 1,5 метри, а на секои 2,6 м ќе се издигаат челични профили 7/7 см, додека вториот тип ограда ќе биде панелна ограда со висина од 1,30 м и на секои 2,5 м ќе се издигаат столбови изработени од  топлопоцинкувани челични шипки.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе