Доктор Апостолов и ГФК „Осогово“ – добитници на Петровденските награди

Кочани, 03.07.2017

Одборот за доделување награди на Oпштина Кочани донесе одлука наградата за животно дело, постхумно да му ја додели на Константин Апостолов, доктор по микробиологија, член на МАНУ надвор од работниот состав.

ФК Осогово
ФК Осогово

Според образложението,  д-р Апостолов, кој е роден во Кочани во 1933 година, е научник од светски ранг, кој својот живот го посветил на истражувањата во лабораториите во Скопје, во Бирмингем–каде специјализирал електронска микроскопија, Бекенхам… Бил предавач и консултант во Институтот за вирусологија во Кралската медицинска академија и во болницата Хамерсмит во Лондон.Апостолов е првиот претседател на асоцијацијата на Македонците во Британија и нејзин почесен претседател до крајот на животот. Почина во Лондон, во 2008 г.

Доктор Константин Апостолов
Доктор Константин Апостолов

Одборот за награди одлучи Наградата на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината годинава да му ја додели на Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ кој во натпреварувачка 2016/2017 годинаоствари директен влез во Втората македонска фудбалска лига со 20 победи од одиграни 27 натпревари и постигна 63 голови. Оваа награда, за разлика од претходнатае парична и изнесува пет просечни плати исплатени во претходните три месеци во Република Македонија.

Наградите ќе бидат доделени на Свечената седница што Советот на Општина Кочани што ќе ја одржи на 12 јули во салата на Мултикултурниот центар со почеток во 11:30 ч.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе