ЕУ И УСАИД решаваат инфраструктурни потреби во Берово и во Делчево

Берово-Делчево, 17.02.2017

 Берово од европските фондови има добиено 5 милиони евра, Делчево решава канализациони проблеми со 3,3 милиони евра, пари добиени од УСАИД.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ вчера во Берово престојуваа европскиот амбасадор  Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.  Евроамбасадорот Жбогар од Берово истакна дека  политичките лидери од земјава ќе го изнајдат вистинскиот начин за да формираат влада.

-Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка, сметам дека не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да ја формирата вистинска  владата. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин  да ја формираат владата, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава, истакна Жбогар.
ЕУ за Берово издвоила три милиони евра, средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.
– Овде сме да ја промовираме кампањата  „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите кои сама ги финансира. Помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина,  а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализациа во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочистителна станица на отпадните води“, како и реализацијата на 4 други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и  на друга улица  што се реализира со руралните грантови, рече Жбогар.
Тој додаде дека ЕУ е активна и ги поддржува проектите во земјите кандидати за изградба на инфраструктура со цел се исполнат стандардите.

Францускиот амбасадор Тимоние потенцираше дека намерата е да се продлабочи соработката со Франција и ЕУ. – „Имаме намера да ја продлабочиме соработката и ние сме зантересирани да ја доближиме Европа до граѓаните. Ќе се обидеме во рамките на нашите можности да го унапредуваме туризмот, а изградбата на инфраструктурата од ваков вид е од голема помош за жителите, рече Тимоние.
Градоначалникот Драги Наџински ги запозна гостите со проектите кои се реализараат со средства од ЕУ во Берово, потенцирајќи дека досега општината за реализација на разни проекти од областа на инфраструктурата  добила поддршка од околу 5 милиони евра од европските фондови..

Во Делчево пак престојуваше Џејмс Стајн, првиот човек на УСАИД.  Во овој град, со пари на УСАИД, ќе се решава изградбата на првата атмосферска канализација во населбата Милково Брдо. Со тоа Делчево ќе ги превенира поплавите во оваа населба. Проектот е работен со поддршка на УСАИД во рамките на општинските стратегии за климатските промени и Милеуконтакт Македонија.

-Еден од најбитните фактори кој придонесе за успешна реализација на овој проект е методологијата „Зелена компонента“ која се имплементираше во десет општини во Македонија, изјави Џејмс Стајн.

Во 2016 година Делчево за прв пат почна да го решава проблемот со атмосферските води кои поради конфигурацијата на теренот на градот, предизвикуваше често поплавување на домаќинствата.

-Ова е еден многу важна работа. Мислам дека во изминатите пет години се повеќе чувствуваме и знаеме дека не е само една временска непогода која што се случува сега, туку дека станува збор за еден глобален проблем, посочи Игор Славковски, директор на Милеуконтакт Македонија.

Вредноста на првата атмосферска канализација е 5 милиони денари од кои 3,3 милиони се донација од УСАИД, а 1,7 од Општината. Асфалтирањето на раскопаните улици се најавува за оваа пролет.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе