Заврши деветтото издание на „Струшките книжевни средби“: постхумно признание за писателот Владо Малески

Струга, 7.јули 2019

Од 4-ти до 6-ти јули во Струга и Охрид се одржа деветотото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“.

Манифестацијата започна во Охрид, со посета на духовните знаменитости црквата „Св, Софија“ и „Мал св. Климент“ и дегустација на локални вина во винаријата  Мал Св. Климент .

Во  НУ Библиотеката „Григор Прличев“се одржа промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, за која зборуваа писателите Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, модератор беше Милчо Јовановски.

Во хотелот „Климетица“ во Охрид се одржа рецитал „Вино и поезија“

03На 5-ти јули, манифестацијата „Струшки книжевни средби“ продолжи во Струга. Во Спомен домот на Браќа Миладиновци се одржа Стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето

По повод јубилејот -десет  години Културен центар „Бран“ – Струга, во Центарот за култура Браќа Миладиновсци Струга, говореше Петко Шипинкароски претседател и главен и одговорен уредник на Ревијата за литература „Бранувања“, а постхумно беше доделена и „Златна Благодарница“ на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната на Македонија „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободатса“ и за неговиот придонес во градењето на слобофдна Македонија.

Беа доделени и на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на добитниците Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев. Промотори беа Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески.

02Во Вевчани на учесниците на „Струшки книжевни средби“ добредојде им посака градоначалникот Сашо Јанкоски а на поетскиот маратон што се одржа на Вевчанските извори настапија: Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Виктор Шеќервоски, Новица Соврљиќ Искра Пенева и Раде Вучиќевиќ (Србија), Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Анте Грего (Хрватска), Илир Паја (Албанија), Љубиша Симиќ и Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар (Црна Гора), Гордана. Сречковиќ (Холандија)

– Македонска современа поезија ја претставија Димитар Пандев, Христо Петрески, Васил Тоциновски, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Бетоски, Сузана Мицева, Златко Жоглев Петко Шипинкаровски, Лидија Дочовска Павловска, Марина Шокева, Љубинка  Донева, Игор  Крајчев, Стефан Маркоски, Снежана Стојчевска и Никола Сарајлија.

Во црквата Св. Никола –Вевчани: беше направен портрет на добитниците на наградата „Струшко слово“ Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ, а промотори беа Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски.

Во предворјето на црквата Св. Ѓорѓија во Струга на д-р Димитар Панев му беше доделена Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година 

Реч за добитникот на наградата одржа  Даниела Андоновска-Трајковска

Наградата ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски

Наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори ја добија: Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар(Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева од Македонија.

Годинашната награда „Книжевна далга“ му припадна на проф. д-р Димитар Пандев, наградата „Струшко слово“ на проф.д-р Лидија Капушевска Дракулевска, Недељко Терзиќ и Мустафа Спахиу, а наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автор ја добија: Илир Паја (Албанија), Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар(Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија) и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева од Македонија.

В.М.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе