Претставена книгата „Да не бидам покусо“ од Звездан Георгиевски

Охрид, 7. Јули 2019

– Синоќа,  на манифестацијата Летни уметнички ноќи на улица Самоилова,во организација на  „Култура 365“, беше претставено најновото прозно дело од Ѕвездан Георгиевски, со наслов „Да не бидам покусо“.

04_400x600Ѕвездан Георгиевски (1961) е реномиран македонски новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции.

Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела.

Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“.

Книгата „Да не бидам покусо“ претставува збирка од куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

За ова прозно остварување на Георгиевски зборуваше Славе Ѓорѓо Димоски.

В.М.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе