ЗАЕВ на штипјани им ја вети браната на Отиња

Штип, 06.07.2019

При денешната посета на Штип премиерот Зоран Заев, во присуство на градоначалникот Благој Бочварски ја најави силната поддршка на Владата за изградба на браната на Отиња за која Владата ќе даде 7,5 милиони евра. На овој став на премиерот одговори градоначалникот Бочварски со изјава декеа денес Штип испишувал историја.

-Денес свечено го пуштивме во употреба автопатот Штип – Миладиновци, со кој Штип е директно автопатски поврзан со цела Европа. Но, денес исто така се отвора еден нов пат за реализација на еден од најзначајните капитални проекти за Штип.
Проектот за изградба на брана на реката Отиња ќе биде реализиран, и тоа благодарение на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Заев,рече Бочварски.

Овој проект е мошне значаен за Штип. Станува збор за повеќедеценискиот сон на сите штипјани. Изградбата на браната на оваа река која минува низ центарот на градот е во фокусот на Штип над 35 години.

-Актуелниот Основен проект е започнат од Општина Штип во 2003 година, но се губи трага на секоја желба и волја за реализација на овој проект некаде во 2009 година. Дури и слушавме во минатото дека од одредени структури имало иницијативи за оваа брана да биде избришана од ГУП на Штип. Впрочем, кога прв пат влегов во оваа зграда како градоначалник на Општина Штип, проектот за оваа брана го немаше. Не можевме никаде да го најдеме. Всушност тој не бил ни завршен, бил изработен само еден дел од него. Во изминатата година и пол, колку што сум градоначалник, вложив многу труд и енергија за овој капитален и стратешки важен проект за Штип да го поместам од нулта точка. Денес проектот е завршен и иновиран од страна на Гадежен факултет Скопје, со позитивна ревизија од ГИМ, посочи Бочварски.

Комплетната техничка документација за оваа брана се состои од три столба: Основен проект, кој е завршен, со ревизија, а е инвестиција на Општина Штип; Студија за заштита на животната средина, која е во финална фаза, а е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанств и доработка на Детален Урбанистички План за брана на река Отиња, којшто е во финална фаза. Со сите овие документации, Штип наскоро ќе извади градежно одобрение за изградба на брана на река Отиња и ќе се создадат сите предуслови за отпочнување со градење.

-Денес потврдуваме: зборот важи – брана на реката Отиња ќе има! Оваа брана е особено значајна за растот и развојот на Штип. Браната ќе направи од Штип атрактивно туристичко место, но и ќе создаде значаен простор за спорт и рекреација на населението, затоа што улицата која поминува преку трупот на браната ќе ги поврзе двете спортски локации, Суитлак и игралиштето во Блок 2000.

Оваа брана ќе го заштити градот од поплави, ќе ги намали високите летни температури, но и ќе ги зголеми зимските температури, ќе создаде биолошки минимум во коритото на р.Отиња, ќе се користи за наводнување на зелени површини и многу други придобивки. Во втора фаза веднаш после изградбата ќе ја разработуваме и можноста за овој објект да произведува електрична енергија, а со тоа да стане и самоодржлив. Очекувам дека оваа брана ќе биде една од развојните компоненти на Штип во наредните години, рече Бочварски.

Тој му се забагодари на премиерот Заев затоа што имал слух, затоа што давал поддршка за изградба на најважниот проект Штип. Бочварски рече дека штипјани ќе знаат да му се заблагодарат на премиерот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе