На 12 ноември 2015 во Охрид, во присуство и со говор на тогашниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, беше ставен камен темелник и започна изградбата на новиот капитален објект – затворен пливачки базен, инвестиција вредна 298 милиони денари, или околу пет милиони евра, а требаше да заврши за 30 месеци. -Ние ветивме и за разлика од другите не заборавивме на ветеното. Зборот си е збор и ние држиме до зборот. По тоа сме и препознатливи кај народот, за 30 месеци ќе имаме затворен пливачки базен – рече Груевски. Денеска е 5 април 2017 година. Поминати се 17 месеци, повеќе од половината од ветеното време, односно рокот за изградба. Што е изградено, се гледа од фотографиите со денешен датум, иако,всушност, ништо не се гледа од некави контури на новата стратешка инвестиција.