Штип, 09.06.2023
Мородвис, едно од само трите населени места во Општина Зрновци (покрај општинскиот центар и село Мородвис) наскоро ќе добие пречистителна станица за отпадни води. Ова го најави градоначалникот Борчо Коцев.
-Вредноста на овој зафат е 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на постапката, посочи Коцев.
Градоначалникот Коцев уште додаде:
-На конкурсот што го објави Министерството за распределба на средства за финансирање програми и проекти од областа на животната средина ни беа одобрени 1,8 милиони денари и веќе го потпишавме договорот со кој ќе можеме да ги користиме средствaта. Со реализацијата на проектот ќе решиме огромен проблем за жителите од Видовиште, каде фекалната канализација се излева во Видовишка Река. Во текот на летниот период таа пресушува и на тоа место се создава мочуриште што со децении претставува извор на зараза и најголем загадувач на земјоделските површини.
Локалната самоуправа веќе ја започна постапката за избор на фирма изведувач на градежните работи и според техничката спецификација се очекува проектот да се реализира до краот на август.