Ибрахимовиќ во Штип,ќе лови дивеч, шптипјани во лов на него
Штип, 28.01.2018
Познатиот фудбалер и пасиониран ловец Златан Ибрахимовиќ, денеска е виден во Штип, во еден од градските ресторани. Популарниот Ибра не се криеше, напротив како и секогаш ведар и насмеан љубезно се поздравуваше со оние кои го препознаа, што и не беше некоја тешка и сложена работа.
„Ибрахимовиќ делуваше како сосема обична личност, без било каква придружба се движеше во индустрискиот дел на градот каде се сместени и бројни ресторани. Кога влезде внатре многумина посакаа да се сликат со него, а тој никого не одби“, ни изјави ќелнер вработен во ресторанот во кој Ибрахимовиќ ручал.
Тој е познат како пасиониран ловец па се верува дека во Штип дошол да лови во познатото ловиште на Серта, каде секоја година на лов доаѓаат најмногу Грци но и ловци со дебели портмонеа кои плаќаат без да прашат за уловениот дивеч.
Колку денови ќе остане Ибра во Штип и во Македонија останува тајна но голем број штипјани вечерва тргнаа во „лов“ на Ибахимовиќ сакајќи да го видат Швеѓанецот во живот и да си направат фотка за сите времиња со оваа легенда на современиот фудбал.