Охрид, 13. октомври 2017
– Претседателот на Партијата на обединетите пензионери и грагани на Македонија (ПОПГМ), пратеникот – генерал Илија Николовски, денеска во Охрид имаше средба со новинарите на тема: “Грижата за популацијата од “третото доба – состојби и можни решенија”.
Николоски рече дека во земјата во целина, потфрлила грижата за популацијата од т.н “трето доба”, во која група пензионерите се најбројна популација. Тој потсети, дека од 2004 година, надлежноста околу грижата за овие лица премина на општините.
– Поминаа неколку генерации, смени, на градоначалници и не се изнајде ниту еден јунак, ќе отвори барем еден дом за стари лица во земјата!Во Охрид се најавуваше дом-хотел, додека старите лица сеуште сесместуваат во Геријатриското оделение на Општата болница. Дом и Геријатрија – не е исто – потенцираше Николовски.
Тој укажа дека на лугето од тн. “трето доба”, не треба да се гледа само како на индивидуи. Тоа се главно пензионерите, чиј број изнесува нешто под 300 илјади. Кај добар дел, на издршката на едниот партнер во семејството се потпира и другиот партнер, а тука се и синовите, ќерките, внуците… Така што, реално, бројот на жителите, кои на еден или друг начин, се зависни од една пензија, е поголем барем за уште 200.000, што значи популација од половина милион жители.
Говорејќи за искуствата во поблиското опкружување, Николовски ја пренесе состојбата од Хрватска. Таму законски е овозможено да се изврши докуп на пензија, а пензиите се зголемуваат на тој начин, со зголемување на делот кој не се оданочува.Имаат попусти во хотели, болници и во превозот, стогнаа до четворица свои пратеници во Саборот.
–Во светот ние заостануваме, практично не сме ни стртувале. Естонија сите стари здравствени установи и други објекти ги пренамена во домови за возрасни лица-планирано во целата земја.Во Канада, возрасните и изнемоштените, ги сместуваат во медицински установи, ама не како нашите.Тоа се практично хотели,со 24.часовна грижаи нега.Шведска и Австралија се приказна за себе. Австралија е прогласена за прва зем,ја во светот, според грижата за пензионерите и лицата од “третото доба”. Во Австрија, само во Виена имаат 30 државни пензинерски домови кои им пружаат 24. часовна нега на старите лица. Домовите се со рецепција со персонал и медицински лица на располагање – рече Николовски.
Николовски, искажа благодарност, што многу програмски ориентации на ПОПГМ, преку владата, стигнале на расправа во парламентот, а некои се веќе во примена.
– Директно, или индиректно, загарантираната плата, стабилизирањето на ФПО, укинувањето на придонесот за МТВ, па се до екстерното тестирање, кои беа и наши барања, го подобруваат статусот на пензионерите и сите лица од т.н. трето доба – рече генерал Николовски, и го повика членството да гласа за кандидатот за градоначалник на Охрид од заедничката коалицијата “За живот во Македонија”, Јован Стојаноски
(Крај)