„Нема разрешување на политичката криза додека нема прво одговорност за сторените зла. Прво, виновниците да ги најде заслужената казна, за да знаат идните генерации на политичари што ги чека кога на преден план им се личните и партиските, наместо државните и националните интереси“.
„Сега ти текна така перфидно да се повикуваш на Мајскиот договор од 2008 година кој твојот лидер во најголема тајност го потпиша со Ахмети. Досега збор не зуцнавте дека истиот постои и го криевте како најголема тајна. Да ја потсетам јавноста дека според документите објавени на Викиликс, Груевски побарал од Ахмети да му помогне да остане премиер, а за возврат да предложи Закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и Закон за употреба на албанскиот јазик како официјален јазик. Што сте спремни сега да продадете од националното само да опстанете на власт? Зарем остана уште нешто непродадено што би ви помогнало да си ја спасите кожичката?. Ајде да ве видиме квази патриоти до каде можете да одите со разнебитување на државава!? Го споменувате цело време Ќосето нели…?“, вели во својот коментар Кекеновски.
Извор Фокус