КОНЕЧНО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА БЕРОВСКО ЕЗЕРО КОЈА ВОДИ ДО ВЛЕЗОТ ВО КОМПЛЕКСОТ АУРОРА

Берово, 09.03.2022 

Со 4,3 милиони денари ќе се реконструира улицата „3“ во туристичката населба Беровско езеро. Со реконструкцијата оваа улица ќе биде проширена за еден метар со што значително ќе се олесни движењето и разминувањето на возилата по неа.

Договорот за оваа активност го потпишаа Звонко Пекевски, градоначалник на Берово, Зуица Ангелова, директорка за Центарот за развој на Источниот плански регион и претставник на градежната фирма „Стојменов“ од Кочани која ќе ги изведува работите.

Пекевски, Ангелова и претставник на „Стојменов“ на потпишување на договорот
Пекевски, Ангелова и претставник на „Стојменов“ на потпишување на договорот

Според пишувањето на порталот Малеш Нет, проектот опфаќа реконструкција на улицата, во должина од околу 510 метри, истата поминува покрај детското одморалиште сместено на брегот на езерото но кое одамна не е во функција и завршува до влезот на рисорт и спа центарот Аурора.

-Проектот се финансира со пари од Бирото за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на Источниот плански регион и Општина Берово. И двете страни во финансиската конструкција учествуваат со по половина од потребните средства. Веќе во вторник, ако временсите услови го дозволат тоа, изведувачот ќе биде воведен во работа, а рокот за завршување на проектот е 60 дена, изјави за istokpress.mk беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе