Кочани, 19.03.2018
Светот секој 22 мартовски ден, на разни пригодни начини ја го слави условот без кој животот не е можен а тој услов е – водата. Кон Светскиот ден на водите се приклучува и Кочани, а Градот на белото злато годинава тоа го прави со повод: ќе биде одбележан половина век постоење на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.
На свечноста, за значењето на комуналните дејности во општината и за реализираните проекти ќе говорат градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев и в.д. директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров.
Според најавената програма, на претставниците на најголемите донатори во комуналната сфера во Кочани ќе им бидат доделени благодарници.
На настанот ќе биде презентиран и најуспешниот труд од одржаниот натпревар на тема: „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“, а „Водовод“ ќе ги награди инајуспешните училишни средношколски тимови од овој натпревар.
Почетокот на свеченоста е во 12 часот.
(љ.а.)