Охрид, 21. Август 2019
– Во присуство на првите луге на двете акдемии, бројни членови од редовниот и надворешниот состав, како и претседателот на албанската дијаспора од Далас, САД, Арун Цека, синоќа, во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид, беа промовирани двете книги – антологии, на македонски и албански јазик, од проектот: “Поети и раскажувачи академици”.
Како дел од активностите на МАНУ во мегународната соработка, објавени се Антологија на pоети и раскажувачи на Академијата на науките и уметностите на Косово (издание на Македонската академија на науките и уметностите) и Поети академици. Антологија на pоети членови на Македонската академија на науките и умеtностите (издание на Академијата на науките и уметностите на Косово).
Изборот го направија академците Али Алиу и Георги Старделов, а преводот на албански е на Ресул Шабани.
Присутните, најнапред, ги поздрави претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, кој напомена дека овој проект е манифестација на взаемно почитување и плод на успешната реализација на обновениот Договор за соработка на двете академии, од 2012 година, потпишан од тогашните претседатели, Георги Старделов и Хивзи Ислами.
-Оваа антологија, со застапени 11 поети – академици од Македонија и 10 поети и прозаисти од Косово, е извонредна можност публиката од двете пријателски земји, да се запознае со највредното во литературата, но и потстрек во иднина да продолжиме со заеднички проекти во економија, екологијата и слично, бидејќи заеднички ни се и проблемите и потребите, рече академик Фити.
Академик Али Алиу, образложи дека антологиите го содржат највредното во македонската поезија, создавано во последните 60 години. За целиот тој период трае взаемното поетско создавање и осознавање на литературата на македонски и албански јазик. Уште од првата Антологија на албанската поезија пред 6 децении, со академик Гане Тодороски и подоцнежниот проект на “Детска радост” и посебните изданија за Фатос Арапи (добитник на “Златен венец” на СВП), Дрито Аголи, Спасиу и Исмаил Кадаре.
-Изборот на поетите од Косово, исто така се движи низ половина век време. Од Есад Мекули, основачот на “ Jeta e re “ (Нов живот), литературниот магазин низ кој поминаа и растеа помладите поети од Косово, Македонија и другите простори каде живеат Албанците. Се до најмладата генерација, како Баша и Пашку, албанскиот Живко Чинго. Што се однесува до изборот на македонските автори, станува збор за една европска поезија, на која инфузија од светски стандарди и давала светската манифестација – СВП, потенцираше академик Алиу.
Во неможност да присуствува приредувачот на изборот македонски поети, академик Георги Старделов, антологииите ги промовираше, со пригодна реч, академик Луан Старова, кој му оддаде посебно признание на Старделов, цитирајќи ги неговите зборови: “Aнтологичарот е чудесен градинар, кој ги избира најдобрите цветови”.
-Мегу двете корици на овие книги, ќе најдете шест, седум децении градени мостови на духовен план, посилни од секојдневните релации кои лесно пагаат во заборав. Тие се монумент на едно заедништво на народи кои го дефинираат најсуштественоито, а тоа се нивните идентитети. Изборот на Старделов, започнува од Конески, еден од ковачите на македонскиот идентитет. Со јасна динстгикција – Блаже како поет и Блаже како лингвист. Во македонската поезија присутен е односот кон митоилогијата, но не во конвенционална смисла, туку од аспект на суштината, а тоа е идентитетот. Конески, а по него и Славко Јанески, на митот му даваат константна величина и трајност, кај Славко во еден современ контекст, забележа академик Старова.
Старова, на нив ги надоврза Ацо Шопов – поет на длабокиот лиризам и философска нитка, Гане Тодорсоки – робусна фигура на македонската поезија со космополитски димензии, човек на духовна енергија, поет со Раблеовски залет во доменот на јазикот, поет кој го остваруваше она што Блаже го предвидуваше.
Потоа, Петре М.Андреески, со “Дениција”, Богомил Ѓузел, Радован Павлоски, Владо Урешевиќ и Катица Ќулафкова.
-Toa се пеачи на една интегрална поетика, тоа се поети кои ја потврдиле смислката на поетскиот чин. Разликата помегу литературното создавање на македонски и албански јазик е во тоа што, кај Македнците, се подеднакви одблесоците и во прозата и во поезијата, додека кај Албанците, доминантна е поезијата, потенцираше академик Старова.
Веле Митаноски