Делчево, 09.02.2018
Миле Ѓоргијоски, најдобриот македонски сатиричар во последните три децении, денес имал „блиска средба“ со еден „културен работник“ во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево каде живее и со децении твори.
„После четириесет и кусур години од објавувањето на првиот сатиричен коментар во „Студенстки збор“, обjавени преку дваесет книги, соработка со еминентни списанија од областа на сатирата, бројни меѓународни награди, поставени голем број комдедии со „Експерименталното театрче“, членство во Друштвото на писатели на Срибија „БАК“ – Београд , куќата на културата „Наџи Наман“ Либан, Здружение на новинари на Македонија, конечно и во нашава земја почнав да добивам ЛАСКАВИ ТИТУЛИ!
Имено, при мојата денешна посета во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров “ Делчево на покана од вработен во домот, од врабоетниот Александар Белогазски, добив неколку ласкави титули:
КЛОШАР, ГОМНАР, ЛАЈНАР, НИШТОЖНИК, БЕДЕН ПРОСЈАК, НУЛА ОД ЧОВЕК, СЕЉАК, МРЛАК. ..
Се разбира на крај не заборави да ми каже дека ќе ме ликвидира шутирајќи ме како топка по скалите од домот, зошто според него штета било луѓе како мене да ја поганат оваа земја!
Ете, какви луѓе работат по нашите НАЦИОНАЛНИ КУЛТУРНИ УСТАНОВИ!
Ова го напиша Ѓоргијоски на својот фб профил. Ова не е наивна работа, напротив, тука има место за интервенција на полицијата, градоначалникот на Делчево, Министерството и министерот за култура лично….Да истражат, да видат, да проценат и да изречат соодветни мерки. Се друго би било крајно – некултурно.