Штип, 11.02.2019
Точно 178 возачи се фатени во првите десет дена од тековниот месец како во населено место возат со брзина поголема од дозволената. Во истиот период 147 возачи возеле над дозволената брзина на патиштата надвор од населените места.Тоа говори дека, само по овој основ, и само во период од десет дена, СВР Штип санкционирал 325 возила.
Од Секторот за внатрешни работи Штип соопштуваат дека спроведуваат и ќе продолжат да спроведуваат засилени контроли за откривање, спречување и санкционирање на овој и на сите останати видови прекршоци кои придонесуваат за настанување на сообраќајни несреќи со потешки последици.
„Апелираме сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и да ја почитуваат поставената сигнализација на патиштата“, порачуваат од СВР Штип.