Немаат крај прекините во водоснабдувањето за дел од граѓаните во центарот на Тетово

Група граѓани кои живеат многу блиску до центарот на Тетово веќе неколку месеци се соочуваат со прекини на водоснабдувањето и тоа не само ноќе, туку честопати и преку ден. Бараат решение од надлежните, а ЈКП „Шара“ им вети дека ќе излезат на терен да го дефинираат проблемот и да го решат, пренесува Порталб.мк.

И покрај тоа што поставувањето на новата водоводна мрежа на улицата „Борис Кидрич“ заврши пред неколку дена, не престануваат поплаките на граѓаните за прекините во водоснабдувањето.

Дел од нив за Порталб.мк се пожалија дека секојдневно се соочуваат со прекини на водоснабдувањето и надвор од ограничено време, а често пати прекинот трае и до пладне.

„Вода немаме секој ден, веќе неколку месеци. Ноќе никогаш, но се случува и дење да нема до 12 часот. Пред две недели вода немаше цели три дена. Не е проблемот во зградата, затоа што често така велат, но да беше така, вода немаше да има цело време“, вели граѓанин на Тетово кој живее во овој дел од градот.

Но, од друга страна, други жители кои живеат неколку згради подолу рекоа дека го немаат овој проблем – немале вода само во периодот на рестрикции, по неколку часа навечер.

За овој проблем се обративме до директорот на ЈКП „ШараВаљон Зеќири, кој рече дека прекините на водоснабдувањето се поради извршување на теренски работи.

„Во последно време прекин имаше на улицата Борис Кидрич, и имаше повеќе поплаки од тамошните жители. Поставена е нова водоводна мрежа, затоа има прекини… Тоа што требаше да се изгради, главната шахта е изградена, сега треба да се постават само линиите“, рече Зеќири.

Тој додаде дека има проблеми со намалувањето на количината на вода поради климатските услови во последните две-три години.

„Загубите се случуваат и затоа што немаме контрола врз мрежата поради приклучоците што се правеа во минатото, има многу приклучоци што се незаконски “, рече Зеќири.

Порталб.мк го извести ЈКП „Шара“ на кој дел конкретно има прекин, а од таму најавија дека ќе излезат на терен и ќе го решат проблемот.

Од друга страна, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, рече дека се подготвува физибилити студија за решавање на проблемот со загубите на вода.

„Врз основа на прелиминарна студија, констатирано е дека значителен дел од загубите се поради немањето на контрола врз тоа колку трошат граѓаните“, рече Касами.

Во Тетово во моментов има активна мерка за ограничување на водата од 02:30 до 05:30 часот.

Инаку, Тетово користи две водоводни мрежни системи, во текот на есента и зимата се снабдува од новата – таа на Лешница, а во пролет и лето од онаа на Попова Шапка, акумулациите на Шар Планина или инаку познати како „старите извори“.

Системот Лешница е отворен систем, што значи дека ги собира отворените извори и ги внесува во системот, а старите извори се затворени.

Градот има недостиг од вода, затоа преку филтер-станица пуштена во употреба во 2017 година се обезбедуваат дополнителни количини, кога акумулациите на Шар Планина не обезбедуваат доволно вода.

Водата што се добива од Лешница не е затворен извор, туку е површинска вода земена од реката. Истата поминува низ неколку фази, се филтрира низ филтрационата станица и се пренесува во градската водоводна мрежа.

Иако водоводната мрежа ги чинеше милиони граѓаните на Тетово, а постојано има дефекти.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе